ајљаз (м.)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Што ме гледаш? Не може, велам, повеќе вака, не ги наоѓам јас парите на буниште, за да ги раздавам на ајљази.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Што си имала, мори ти, со оној ајљаз горе, целиот
комшилук да расправа за вас? - неговата сенка како лош
прашалник ја пресечуваше слабо осветлената соба.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Каква кражба, побратиме? - Од четирите пресечени прсти на Турчинот, ајљазу.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)