багрем м.
багремов прид.

багрем (м.)

Лесниот млак ветрец ајдучки се крадеше низ багремите и оставаше зад себе трепетливи шушкави лисја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До станицата под багремје се туткаа две-три жени со кошници полни кајсии за продавање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Багремите и дрвјата во градот пожолтеа и почнаа да оголуваат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со навлегувањето на овие беспризорни номади во нашата улица, широчината со трите багреми стана табу за другите деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едно од врапчињата одово летна кон багремот; беше сето тркалесто со малечка глава и полуотворено клунче.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На средниот багрем во лисјата белузлави од прав, неколку врапчиња пролетуваа од гранка на гранка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До багремот растеа млади разлистени бозови дрвчиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таа гледа во тревата под багремите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
2. Ако ова дрво овде е багрем, тогаш куќичката за птици е закачена за моето десно рамо, поилото за пчели се држи за сламка а ти си со Девојчето од другата средина, не ти се допаѓа преводот и ги фрлаш презреаните сливи кон косовата прегласнот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Мислам дека ти беше виновникот што мачорот се пресели на багремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Под багремите светнаа бели чаршафи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа ги мести очилата и право гледа во раззеленетата трева под багремите, над која се просипа златото на сончевите лачи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мириси на диви костени во зима, расцветани липи и багреми во пролет, гриз од најцрвените цреши и плав хоризонт во лето, златна боја и мирис на зачини во есен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Детската виолина собира многу роса отшто никогаш не се знаело кога ќе ожеднат багремите што дедовците ги саделе да расцутат баш во музиката на внуците некаде многу далеку, отаде времето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мече си седна под сенката на еден багрем, ја закуба нервозно тревата околу себе и сосема заборави, обземен од свои мисли, на оние што долу, крај реката, запотени под пекот на сонцето, го чекаа нетрпеливо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во секој случај, над бунарот еден багрем ќе биде посаден, а сиот простор наоколу ќе биде парк со клупи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Далеку, зад багремите, двајца други старци лазеа на коленици и копаа од земјата црви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш пред заминување, барајќи клучен совет, во воената школа, во вечните прошетки во кампот, потонат во миризливото зеленило, во кое доминираа багремите, пресудно за мене, со искреност и од душа ми рече: Тешко е да се дадат совети во дипломатијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А водата си е вода, ќе леат сите, ќе тропаат кофите, ќе висат на багремот ченгелите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе