баеги прил.

баеги (прил.)

Одеше низ куќата на прсти и помина баеги време додека ја кажа вистината за себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја тераме така, ама и времето баеги се затера, а купувачите ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– Разорав баеги ледини од чифлигот, та ќе ми требаат уште два чифта волови, а за луѓе, нека се живи каурките, родиле доста синови за нашите чифлизи. – Навистина ефендилер, немате ли некој каурин фазла да ми дадете за работа?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тодора се премести тешко од нога на нога и намерно си ги избриша рацете од скуталето, кое малку и го поткрена, божем се готви за нафора, а попот тогаш ѝ го виде мевот што баеги се беше устремил нагоре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За тоа време Лесната собра на сретсело баеги селани за да сечат пазар со спаијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Измина баеги време откако Боге од Бањи се појави на вратава а јас попусто се мачам да го заборавам она што ми заседна во мислите кога го видов момчето што ми го доведе да го чувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога мислиш да се требе в град? — Кознаје, лебами, баеги време како се вртка одаваде река, та за одење кој ќе ти каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имаше повеќе работа со прилозите за количина, тој овде запре на заемките: баеги, прилично, доста; ич, ништо; ексик, помалку од мерата; ептен, сосем, наполно; коџа, прилично, доста, многу; тамам, точно по мера; фазла, повеќе, и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
АНЃЕЛЕ: Баеги те закачил. Те здробил.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Толе во Маданот се научи да си потпивнува убавко, та и вечерва шмркна баеги од грнчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше баеги дотеран - кошула, цилиндар, црно палто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А најмногу се тешеше Толе дека навистина без никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги се уплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ти требало баеги време.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)