банкар (м.)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Целиот кајмак на Скопје ќе биде таму. Трговци, банкари, светски луѓе.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мухаремскиот декрет означувал полна победа на европскиот финансиски капитал и полна потчинетост на турските финансии и стопанство под туѓите банкари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од онаа страна владеат парите; тие се основа на сообраќањето и денес исцело не ни недостасува некаква критика на марксизмот, туку една модерна теорија за парите која ќе биде на нивото на Маркс, и која ќе го надополни (попримерено би било да ја втемелат банкарите отколку економистите, иако Бернард Шмит на тоа поле прилично е напред).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„А ти си таква добра душа, чиста и нерасипана“, ја фалиш за на крај да ѝ предвидиш дека ќе ѝ помогне човек во униформа... доктор, цариник, банкар... келнер не е!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Оние првите станаа успешни банкари, политички коментатори, флексибилни деловни луѓе, ептен угледни правници...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ако можев да одберам секако би рекла дека сакав да бидам талентирана пејачка, со вонземски глас или практичен банкар со жена и швалерка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Затоа, оној вид трагедија на која мелодрамата ѝ дала нов облик и нов живот била деградирана, второкласен вид на трагедија, соодветен за прикажување на животите на тие што биле неподобни за автентичната трагична сцена бидејќи, како домаќинки, банкари и клерици, не биле баш дораснати за класични јунаци.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)