банковен прид.

банковен (прид.)

Банковниот капитал – значи, капиталот во парична форма – кој на тој начин всушност е претворен во индустриски капитал, јас го нарекувам финансиски капитал“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Да, имате право, телото станува знак и слика, неговиот изглед делува како метафора за висината на банковната сметка и на крајот на краиштата за моќта на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така зборуваат многумина од старите раководители на банките, а повеќето млади го сметаат активното мешање во прашањата на индустријата за иста нужност како и онаа што заедно со модерната крупна индустрија, ги роди и крупните банки и денешната индустриска банковна работа.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
На својот забар му платив со овој чек што го нацртав, кој воопшто не беше банковен. И тој прифати.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Нема ни една банковна дејност која би донесувала толку висока добивка како емисионата дејност“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Со таа цел се приведуваа подробни статистички податоци, кои дозволуваат да се види до кој степен имено израсна банковниот капитал итн., во што токму се изрази преминот на квантитетот во квалитет, преминот на развиениот капитализам во империјализам.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Од својата торба извадив нов пасош, холандски, швајцарски банковен чип на исто име и ги пикнав во твојата чанта.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таа дефиниција би го содржела она најглавното, зашто, од една страна, финансискиот капитал е банковен капитал на монополистички мал број крупни банки којшто се слеал со капиталот на монополистичките сојузи на индустријалците; а од друга страна, поделбата на светот е премин од колонијалната политика која непречено се шири на областите што не се запоседнати од ниедна капиталистичка држава кон колонијална политика на монополно владеење на територијата на земјата што е докрај поделена.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Затоа, без да го забораваме условното и релативното значење на сите дефиниции воопшто, кои никогаш не можат да ги опфатат сестраните врски на појавата во нејзиниот полн развиток, треба да се даде таква дефиниција на империјализмот којашто би ги содржела овие пет основни негови белези: 1) концентрацијата на производството и капиталот, која дојде до таков висок степен на развитокот што ги создаде монополите, кои играат решавачка улога во стопанскиот живот; 2) спојување на банковниот капитал со индустрискиот и, врз база на тој „финансиски капитал“ создавање на финансиската олигархија; 3) извоз на капитал, за разлика од извозот на стоки, добива особено важно значење; 4) се образуваат меѓународни монополистички сојузи на капиталистите кои го делат светот, и 5) завршена е територијалната поделба на земјата од страна на најкрупните капиталистички држави.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Некакви три до пет најркупни банки од најразвиените капиталистички нации остварија „персонална унија“ на индустрискиот и банковниот капитал, го концентрираа во своите раце располагањето со милијарди и милијарди, што го сочинуваат најголемиот дел на капиталот и паричните приходи на целата земја.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Згужвано топче нови јени, излитено адресарче стегнато со ластичиња, банковен чип од „Митсубиши“, јапонски пасош со златна хризантема отпечатена на кориците и кинеска 22- ка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја земав твојата кинеска 22-ка и твојот микрокомпјутер и твојот банковен чип.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)