батко м.
батка м.

батко (м.)

За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Овие критичари велат дека сме фашисти или педофили или што било, но еден таксист од Источен Лондон би ни рекол, „О, да, вие ја имавте онаа фантастична изложба, добри сте, батко.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се сеќавам, батко Онисифоре.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Цицај, батко ти Бојан нема да те остави гладна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Навикна на него како на батка си Јована и не знаеше кој ѝ е подраг. Не еднаш застануваше на Стојановата страна кога не се согласуваа за нешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Батко Онисифоре“ реков. „Зошто го мразиш твојот имењак со белег на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Дома, ли е батко ти Мирче, моме? — го праша Толе девојчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мојот батко мал во кошница спие а наутро и навечер топло млекце пие.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)