башка (прил.)

Позната е на пример синтагмата од турцизмите и башка и барабар, со значење дека не е добро, ниту прифатливо еден народ да живее изолирано (башка) од другите народи, ниту под преголемо влијание од другите што би водело до асимилација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И стаорците што се стаорци најмногу се собираа и до бесвест скокаа и бревтаа баш под онаа мома која испловува на школка, пред да никне првата розе грмушка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Башка што тие двајца многу често не сакаа ни да слушаат, не сакаа ни да знаат за ништо вон од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А башка, не си веќе проста. Па постои и контрацепција, а ти не си симната од планина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Мама ме прати, ако имаш две јајца на заем да ми дадеш, дека торта ќе прави“, како по правило ти снемува баш тогаш, а самопослугата ти е далеку по жешкото да го праќаш детето... мозокот ќе му изгори.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не знам што друго да ти кажам. Башка што одиме во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа кадијата реши само двајца да погуби, башка од оние таму што загинаа во борбата со аскерот и самите што се избесија на брестот во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Може да се рече дека синтагмата и башка и барабар, изразувајќи ја состојбата на златна средина, односно чувство за мера, умереност, воздржаност, претставува цивилизациски модел како да се сочуваат зачуваат традиционалните вредности на својот народ, но и да се споделат како заеднички со сите етнички и верски заедници на времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ова речениците - башка сѐ исто, рамно идат, нема осцилации, не можеш да видиш ти се радува ли или ти се лути.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Башка што си самец, па тоа веќе не е ни излет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А башка, директорка си и на таа плата срамота е!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На ова му претходи грижлива класификација: башка хартија, башка пластика и стакло, башка органско, башка останато...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Башка вечерва на вестите ќе кажеа дека Влатче те киднапирал и секој ден идел ќор пијан на работа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Колчето го пресекоа на три дела, а секој дел уште на три помалечки делчиња и тие девет коматчиња ноќта се ставија под Љупчо за да мочал на нив, а другиот ден ги однесоа кај Тина за да ги потнела, ама Љупчо не престана да плаче, башка што си дадоа сто динари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ама најмалава сега ги истече очите што ќе треба во оваа пустелија да чека на некој јабанџија, и башка, откога ќе се изредат другите сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мораш да рескираш за да добиеш. Башка, бегам од војска. Ти зошто тргна?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
А башка во Краш Експрес одвреме-навреме даваа некои пластични калапи за црткање- детенце, девојче, малечко сонце...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А песот Гаро, кој пиле не пушташе да прелета, башка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Овој чичко се одликува со памет, ерудиција, башка државничка мудрост...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе