башчауш м.

башчауш (м.)

Се изненади мудурот, се изненадија ќатипот и мулазимот, башчаушот и чаушот кога видоа жена — каурка да фаќа рака со Турчин.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само тој со три илјади души кондиса во Маково, давајќи си ги своите наредби на потчинетите бимбашии, јузбашии, чауши, башчауши и други воени лица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Башчаушот Шарен Мустафа му го даваше јадењето на секого та и на Горѓија, и му кажуваше дека оној мариовец, што излезе му го носи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Башчаушот на заптиите, Шарен Мустафа, беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред, а „мајка" на послабите и мирните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред конакот од Челебијата веќе стоеше Ѓузепо, главниот надзирател — башчаушот, уште со двајца свои помошници и разговараше со гавазите дебрани што го чуваа овој Ал-Шариовски велики везир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аџиите со забитот и неколку чауши и башчауши правеа прва редица пред портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со очи си, башчауш си писмен.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Башчаушот пак го повика да застане и му се пофали со пашата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како да е ќе го најдеме, ако не во Градешница — во Старавина; ако не Полчишта — Бешишта — им рече тој на своите чауши, башчауши и онбашии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)