бездомник м.

бездомник (м.)

Бездомник кој мечтае по топол дом или домаќин кој не мрда од дома.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На него се сеќаваа единствено гладните скитници и бездомници, кои секој ден пред изгрејсонце пред неговата зграда наоѓаа три векни леб.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Домот му го беше завзел човечки бездомник.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вревата во големите градови речиси ме полудува. Прави панично да трчам по улиците барајќи го мирот во некое скриено ќоше за кое знаат само уличните кучиња, бездомниците и најочајните наркомани.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не го заборавија ниту гулабите кои ги јадеа трошките што паѓаа од устите на скитниците и бездомниците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ете, кукавицата земи ја. Таа е бездомник, скита низ гора и им ги брои часовите на старите луѓе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Лицето на Кузмана се црвеше; стенкаше како да ќе пукне под стискањето на брадестиот бездомник, а пукаше палтото на овој, другиов, како некој однатре со нож да го пара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сакав да појдам и јас по нив но агентот ме викна: - Еј, бездомнику, дојди ваму.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вечноста останува за бездомникот на дождот, а заборавот за оние кои ги оставија своите сонови да гнијат во немоќта на стравот...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Кога ќе видат пари за нив е сеедно дали е на улица, во галерија или им е наменет на бездомници, кога ќе видат илјада толари си помислуваат ‘Пиво’ и ги земаат.“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но тоа само така изгледаше: бездомниците уште повеќе се чувствуваа во градот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сакаше да биде бездомник. Не може вечно да се бега... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако се обидат да ја преминат естетската ограда, бездомниците, емигрантите, обоените, панкерите, уличните свирачи и сите други кои ја нарушуваат сликата на чистота и богатство може лесно да бидат отстранети.“121
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А од левата страна имаше истакнато грди фотоси исечени од весници и списанија - превртени контејнери, расфрлен смет , околу кучиња и мачки бездомници, диви депонии, запустени дворови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бев човек што оди кон неизбежна бездна. Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе