бекрија м.

бекрија (м.)

И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И бекрија и боем, ама е ништо без алкохол!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Офицерот, мајор бил, мераклија по жени и голем бекрија, им раскажуваше дедо на другите дедовци во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нема чак ни партиципација. Нема Мито Бекрија и нема врски за преку ред.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сегашното име на Езерец му е дадено по некој си Петропулакис кој од островот Крит, како што гласат гласови, заедно со своите паликарја, повеќето поранешни затвореници, бекрии и козокрадци, дошол во Костурско да ја ослободува Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше Ѓорѓија, питомиот бекрија, дарежлива рака, имаше срце блескотно и ум видовит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во таа накривена бекриска шубара, сплетена од гранки или од слама, почна сѐ. „Се сеќаваш ли?“ Се сеќаваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)