бериќетен прид.

бериќетен (прид.)

Ситна роса бериќетна. И по поле и по вода. Да се роди сѐ бериќет - вино, жито.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Иднината ќе биде бериќетна со човекољубие.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Македонциве имаат утабано стаза по која мора да се помине за да после некоја година се допре благодетното и бериќетно небо...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)