беспомошно (прил.)
Само нѐ гледа онака, беспомошно, како прв пат да нѐ видел, што се вели, како да не нѐ познава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Стврднатите нозе беспомошно барале потпир, почва по која ќе ѝ се избега на болката.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одвај малку покриено со пердувчиња, тоа сето трепереше и беспомошно зинуваше цивкајќи премалено.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Покажуваат вчудовидувачка интелигенција да распознаат кога едно човечко суштество е беспомошно.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Мајка го гледаше Татко в очи, беспомошно. На очите ѝ навираа солзи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Набрзо можеше да се види како мозокот тивко, беспомошно болува зад очите, а тогаш мозокот најверојатно и изумре, бидејќи очите речиси му испаднаа од главата и во нив го немаше повеќе оној препознатлив израз, туку израз како кај очите на краба на едниот крај од нејзиниот сплескан труп“. 22 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Мило, малечко, не се плаши! Не трепери... Јас ќе ти бидам мама...“ - шепотеше, откога се пооддалечи и беше сигурна дека никој нема да ја чуе, дека никој нема да ѝ се подбива, а врапчето лежеше беспомошно брз нејзината дланка и само трепкаше со оченцата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Така, не им остануваше друго, но беспомошно да гледаат во празнината на единственото за нив, есенцијално прашање: Како може да постои практична обука без алатка?
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сите беспомошно се вртевме околу неа потргнувајќи се од гредите што крцкаа и гламносано летаа заедно со штиците од покривот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но јас сѐ уште чекам, беспомошно а силно посакувам, да те љубам....
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Јас од очај што не сфаќам што сака претседателот, беспомошно погледнувам кон Сатирот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Беспомошно се погледнаа. Изразот на нивните лица полека почна да преминува во плачливост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Младото, цврсто тело, сега беспомошно во сонот, разбуди во него сожалувачко, заштитничко чувство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Понекогаш, изморен од јулската горештина, ја губев од пред очи и беспомошно стоев, без да знам на која страна да појдам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А Тате стоеше беспомошно, се обѕираше долж собата како да бара одговор, но никогаш не го наоѓаше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Од моментот кога се најде во Министерството на љубовта - и да, дури и во текот на оние неколку минути додека тој и Џулија стоеја беспомошно, а металниот глас од телекранот им кажуваше што да прават, тој ја сфати сета лесноумност, сета површност на својот обид да застане против моќта на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)