беј (м.)
Мајкината историја на балканскиот егзил започнува уште од детството кога со семејството ќе се најде во Влора во славниот конак на Еќрем Беј Влора, внукот од вујкото на маќеата на Ервехе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се одвезовме на Бондаи Беј одбравме место на ресторанската тераса и нарачавме некакви ќебапчиња од морски животинки и, се разбира, по едно студено пиво.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Санџакбејот оттогаш ќе биде застапник на Султанот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Утредента Сликарот ја крена слушалката и го повика во Сарајот Јусуф беј, неговиот пријател, професорот по Убави уметности од Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: Бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одговоревме: Сега, беим!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Никој глас не пушти. Тоа уште повеќе го налути стариот беј и го повтори своето прашање, и го потрети.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во вилата Магребија на десетина чекори спроти резиденцијата на југословенскиот амбасадор, која некогаш беше мала палата на последниот туниски беј, гувернер за време на француската колонијална власт, требаше да започнат тајните разговори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тука беа во прв ред најчестите заемки како: султан, везир, беглербег, паша, падиша, бег и беј, санџак, ага, ајанкајмакам, потоа на листата се надоврзуваа и муслиманските верски лица и исламското право како: муфтија, оџа, имам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
— Само на селото никаков ќедер! — строго му заповеда бимбашијата и тргна пред аскерот, разделувајќи се со витолишкиот јузбашија, кој по истиот пат се врати назад во Витолиште и му ја соопшти пријатната новина на стариот мудур Арслан беј.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трагично заврши нашиот предок Сули – беј.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
— „Јас излегу да го бркам Арслан беј, а Бино, кој ме кандисуаше да му се предада, седна на неговиот стол!“ — си велеше сам за себе и не можеше да се помири со тоа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Преку својот прв братучед, Али Фетхи беј Окјар, соборецот на Ататурк во создавањето на нова Турција, во дваесетте години амбасадор на Турција во Велика Британија, Баба ќе патува во Турција, во Измир и Цариград, да ги посети своите браќа и сестри, и преземе делот од наследството во една банка според тестаментот на нејзиниот татко.
„Граница“
од Луан Старова