бик (м.)

Страв им втеруваше на луѓето и рикањето на биковите кои се колеа за војската.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се стрча бикот кон светлината што доаѓаше од најширокиот џам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првите цртежи на уметникот прикажуваат бикови и тореадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа борба со бикот беше интересна за децата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рикна и по трет пат бикот, го откачи черчевето од џамот и фркна и забаботи кон оградата на кожарата, десетина метри над кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И подрипнуваа заедно со биковите. На победникот ќе му навреа венец од шамак на роговите. Зелен гушник ќе му обесеа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти која од јарецот и бикот Ти која од ракот и рибата Ти која од лавот и сонцето од орелот и змијата од мајмунот и мачката од кругот и крстот правиш митос правиш поезис правиш космос! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трчаше бикот кон кожарата и со таква сила удир со роговите во ѕидот што тој пукна и се свалка пред нозете, како да не беше од камен ѕидан и со години печен, туку како да е детска реденица, лефтерна сувоѕидица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Девојката беше беспомошна пред очите на насилникот од кои гледаше глад на бик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Атпазар како атпазар. Тука имаше и убави арапски коњи и мршави магариња; и убави расни бикови и волови, и мршави планински крави и телиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врз селото легна сенка на голем бик. Косовите се притаија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некаде во темнините, ја насети атлетската силуета со биковска глава.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вооружени со по еден голем стап ја држеа дисциплината кај бесните атови и бикови, кои често се клоцаа и бодеа меѓу себе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе