било (ср.)

Погледна пред себе како да му е потребно тоа за да го припреми своето противење, но кога пак го сретна строгиот, беспоговорен поглед на човекот во сина облека, без да рече што било, си ја голтна плунката и без волја застана зад двајцата селани.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или барем да ме оттурне, или да се одалечи од мене, или да стори што и да било, само да реагира како човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од долното било надолу е долни крај. Таму се јаслите каде што се врзуваат добиците и во кои раѓаат жените повеќе машки деца, каде што на гредите спијат кокошките, а под јаслите — свињето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ноќе го наслушнував своето било, кое течеше напразно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќе го наслушнував своето било што течеше напразно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Горни крај, до самиот ѕид е спружена друга греда што се вика „горното било“. На неа седат чесните гости.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крле беше станал од билото и ги пречека стоејќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На средето куќата се дели на два дела, но не со преграда, ами со една долга греда колку што е широка куќата (колку да се знае оти е разделена) спружена од едниот до другиот ѕид поземи, таа греда се вика „долното било“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога влезе во куќата, го виде Ѓорчета да седи на билото, замислен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На машкиот кат не се оставаат никакви предмети, освен троножните смрекови или тисови столчиња на кои седат домашните и гостите, доколку не седнат на билото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Местото над оган на билото товарит (добиток) — што се товари, за разлика од пашитиот што не се товари топраклија — тврд, вистински стопан, газда треска — јаде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)