ближен прид.

ближен (прид.)

А некаде ќе нѐ пречекаа, како најближни роднини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали да се сака ближниот и колку? И колкава треба да е блискоста со оној Кој не може да ѝ послужи на корисноста?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оти кажано е: оној кој не се грижи за своите маани, се занимава со усовршување на мааните кај ближниот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Без ближен човек и среќата не ти е ближна, а камоли несреќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мислам дека го избрале најлошиот начин ближниот да го поштедат!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи јазикот не служи само за изразување на сопствените мисли, туку и, суштински, за нивно соопштување на друг, би можеле да се запрашаме како „првобитниот Египјанец“ ги пренесувал мислите на својот ближен “на која страна од двојниот поим секојпат мислел”?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако одговорот на прашањево е одречен, тоа значи дека егоизмот и идентитетот се разрешуваат во претставата на поединецот што постои само на начин да го порекнува ближниот свој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Девет орлиња Ќе ја надлетуваат книгата Отворена за вас Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Најлесно е своите ближни да ги осудуваш. Да покажуваш со прст кон нивните слабости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Противниците веќе не се ближни, а битката во која се соочуваат е ослободена од сите ограничувања: „Не само што премногу острата поделба на човечкиот род на раси почива на научни заблуди - затоа што мошне малку земји се настанети со жители од само една чиста раса - туку може да води и кон истребувачки и, ако можам така да кажам, „зоолошки“ војни, какви што се оние, за преживување, во кои стапуваат различни видови на глодачи или месојадци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна тој несреќен и кобен глас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Плачам за вас ближни мои Барајќи го вистинскиот збор Низ сиви прашливи несоници.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Секогаш се бараме во некакви небиднини, несоници, во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува, милоста е дар кој најретко го даруваме, богатството на ближниот е наша потреба, и туѓото лицемерие е секогаш поголемо од нашето, а ние невини, насмеани пред сѐ ново и неразбирливо, измешано со надежта на новите намери, го мериме преостанатото време за воскресение.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Си појдуват в град, во Битола, на пример, во ближниот град шо бил тамо нивни.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
8.5 Се качувам на врвот од темната шума И светлата осама ме победува Пред длабочината на небото Што ме сонува Што не сонува Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе