бодина несв.

бодина (несв.)

И ќе му се качеше ушка и удирајќи го со палците в слабина го бодинаше низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од вагонот се слушаше само едно бодинање и едно Ух Ух Ах Оп, па едно плескање како кога плескаат петли наутро качени на плет и пак бодинање и она Ух Ах Ех Оп!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сините јавачи безнадежно ги бодинаат заробените во малтерот коњи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го бодинам кон езерото, навлегувам во трските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пенест звук ми ги бодина сетилата - има мирис и меѓу стиховите што пробива солена и пловна снага да се допре, да се види пред да се опише.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трчаа луѓето, фаќаа пусија, замавнуваа со стаповите, бодинаа со вилата, пукаа со пушки, но него некоја среќа го служеше: целото искрвавено ќе одмаглеше во шумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се провлекуваше пијан низ ниски боцкави грмушки, низ трски, низ мочуриште, а крекотот на младите жаби го бодеше со смеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гневливо бодинаат коњи, претрчуваат низ селските сокачиња и викаат: - Бегајте! Бегајте! Грчката војска доаѓа! Бегајте!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
10. ГОЛЕМА ЛАЖИЦА САКАШ, ГОЛЕМА ЛОПАТА ЗЕМИ - земајќи ја лопатата си намислил некој со неа да срка, а не да ја бодина в земи - ете какви чудесии запостоеја на веков!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)