боиште ср.

боиште (ср.)

Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беспризорните ја видоа опасноста веднаш и за миг го напуштија боиштето оставајќи ги зад себе претепаните деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Марселезата со интернационалните доброволци последен пат ја пееше на шпанските боишта како член на францускиот доброволен одред.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку млади генерации од спротивставените патриотизми на европските држави- нации гинеа на европските воени боишта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На крајот на краиштата, подобро и да се фрлат за џабе два џепа грав, отколку да се сварат и испрдат низ сувите боишта на живеачката.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Сигурно треба да е некој кој умрел во селото зашто камбаната, барем досега, никогаш не биеше за тие кои погинаа на боиштата - мисли и се прашува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му верував кога ќе речеше дека мрази да војува; дека никој не е во состојба да го испрати на некое боиште па дури и да му го ветат притоа патот кон Рајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Заборавил кој бил и заборавил дека лежи ранет од шрапнел на боиште и дека повикува - Константин доаѓа; му го шепоти Коранот на свој јазик и пак неизменет, со недвосмислено значење: Ако ја подадеш својата рака, кон мене да ме убиеш, јас не ќе кренам рака на тебе за да те убијам, од Алах, мој бог на светот, се плашам ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу нив има и такви кои од страв да не се вратат на боиштата, научиле од болните да се преправаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долу, на боиштето, се гладува, а овдека не можеш да зборуваш од храна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И веќе никого не познава за да му прераскаже Колку сонца и колку месечини памети, Отаде кои мориња и луњи и отаде кои боишта и копја Се враќа Веејќи се како црно знаме низ времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Грачи, клетиот, морници в коски да ти полазат, Како да грачи од врвовите на чесната ноќ на оние чии коски ги колваше по боиштата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Врз свежо истапчената земја фрлаат гранки. Така по секое враќање од боиштата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А Арсо Арнаутче станал од клупата и се испрчил, речиси војсководец е што се гордее со раните спечалени на невидено боиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе