боксер (м.)
И дали си придонела за распаѓањето на твоето гнездо со тоа што си летала како ластовица од работа дома и обратно, а секогаш во клунот си носела црви за пилците и за боксерот мочко (вечниот победник во мечевите во рингот без јажиња).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Прашуваш како! Исто како грогиран боксер, немоќен да се спротистави, но желен да го продолжи мечот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Правилата беа излепени со слики од секакви кучиња: пудлици, булдоци, добермани, јазовичари, волчјаци, териери, сетери, птичари, боксери и др.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Единствено ако некоја не беше во друштво на боксер или борач.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Милан уживаше да ги гледа петлите кога се перчеа и се топореа како оперски басови, и како мавтаа со крилјата приближувајќи се еден кон друг, како боксери во ринг.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како, на пример, кога на главата на боксерот ќе истуреа цело шише шампањ, во 13 рунда, доколку тој е малку зашеметен. 22 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Како се викаше оној од кого те спаси светиот отец?“ „Мислам - Мирон. Сега се пријатели. Зошто?“ „Така. Го познавам. Боксер е. Порано и јас тренирав.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)