брана (ж.)

До онаа единствена куќа на брекчето сега се стигнува по патот што доаѓа откај браната и вдолж го сече ридот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие летото го сакаат како мајка. Прават малечки мостови преку потокот. Прават брани, воденици. Но најчесто мостови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ковчегот го извадија и го положија на едно чисто плато од десната страна на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неконтролираните омаловажувања што напати ми приоѓаат ми го подметнуваат оној привид на пукнатина во брана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот се вика Методија и носи дрва за Шумското. Кај браната јас ќе ве преземам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и бричот изабен, како брана по грутки ти скока по лицето. И купчиња брада ти остава нефатено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека идеологиите им го прекинуваат патот на луѓето, браните се закануваат на патот на јагулите, а според тоа и на циклусот на животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа најпосле, очигледно, го натерало да го преземе она со изградбата на браната, надевајќи се дека ќе го покрие својот злостор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Првин заедно го ископавме гробот, а потоа тој замина кај браната да го земе ќуркот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нели, млад пријателе, можеш да си замислиш што произведува ваквата фалинка во браната?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одевме покрај брегот, понекогаш до самата вода, која наместа беше плитка, а наместа пак паѓаше многу длабоко, според теренот што го покрила водата кога се правела браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го стегна држачот на мечот. Почувствува како низ испакнатите жили надоаѓа некогашната сила, уривајќи ги браните на покорноста.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Еден од адутите во мојата дипломатска мисија во билатералните односи на Југославија со Тунис беше како да се задржи Хидротехника, специјализирана во изградба на песочни брани, по две децении успешен настап во градбата на најзначајните песочни колинарни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа, тој влегуваше во малата куќичка од штици веднаш до трансформаторот (јас еден ден бев таму и видов како изгледа тоа), се погледнуваше во огледалцето обесено на ѕидот, а потоа го вадеше шишето со ракија и го ставаше на малото тезге довлечкано од кај браната додека таму се градело. Тоа сега служеше како масичка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Направен беше од државните багери кои работеа на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И, ете, затоа, кога донеле одлука да се одбележи петгодишнината од изградбата на Долнечката брана, одредиле тој да напише кратко сценарио за документарен филм и да ја уреди изложбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе