бубалица ж.

бубалица (ж.)

Тоа беше училиште за најголемите бубалици, а не за слободоумен човек како мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од девет месеци наваму Илко стана божја бубалица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа тој си беше „божја бубалчица“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не сакам ни да чујам, - викна Абраш, - ти реков, книгишта не ме интересираат, не сум јас „бубалица“ па да читам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако е сигурно дека градовите и гратчињата каде што има многу геј- народ ќе процутат во „креативната доба“, тоа нема да се должи само на тоа што новиот сталеж на „креативните“ работници се состои од „бубалици“, од откачени и од луѓе со „претерани навики и алишта“ кои гравитираат кон места со „низок праг од пречки за влез на човечки капитал“, каде што мештаните, главно, се отворени и трпеливи кон неконвенционалните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)