бура (ж.)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таа е на брегот, а бурата го носи кон неа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бурата и стресот на животот се заборавени; сѐ е празничен хумор.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Имало визуелни ефекти, а танцот на селаните и бурата со грмотевиците, без сомнение, придонеле кон реалното претставување.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Зад неа во земјанката влезе студенилото и вревата на снежната бура.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Алегрето: Песна на овчарите и радосни и благодарни чувства по бурата.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Копнат и како бура пеат и како огин палат.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Пладне свиткано под старата козирка. Испотените соништа се спуштаат по акробатските скали кон светилникот снемоштен од стари бури.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Трагите и локвите крв ги покри снегот и бури од дождови ги испраа и ги однесоа во неврат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ревот на огромниот хор на бурата се јавува малку подоцна, и можев да си го замислам свиткувањето на гранките и офкањето на стеблата што ќе уследеше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вее вејавица и завива ко бура, налудничаво се спушта прудолу и се крши од ѕидот на столетните борови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Повторно се вратил во познатото царство на инструменталната музика, а бурата и стресот од неодамнешните искуства, несомнено, обезбедиле дел од материјалот што се вклучил во неа.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Мислиш некоја бура, некоја црна виулица се собира да се крене кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нејзиното одразување е како во огледало во бродска кабина за време на бура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Насловот го дава клучот – повремените птичји песни на потполошки, кукавица и чуруга, сцената кај потокот, тешко дека би можеле да бидат неразбрани, додека танцовата музика во третиот дел, како и бурата со своите претчувства на ужас, јасно го пренесуваат своето значење и на оној со просечна интелигенција.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Бурите доаѓаат и одминуваат. Зарем така не било и со потопот?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со денови чека со рибарите бура, за да се намамат јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Многу големи композитори пред и по Бетовен го создале овој портрет на бура.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)