важи (несв.)
Само замолкнувањето на Аванти пополо И само префарбувањето на бандиера роса А ваму новите соништа да претежнуваат од популизам И да не важи веќе поговорката Дека секое влакно си ја знае својата леснина
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Беа свесни дека делата биле пишувани во текот на некогашната борба и јунаштво за поттик и пример, но сега тоа не можеше да важи за сегашните, а уште повеќе за идните генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Зборувањето со Царството мора да има многу подлабока причина, во која земните закони веќе престануваат да важат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Обогатен сега со најгенијалната придобивка на немскиот класичен идеализам, со дијалектиката, дијалектичкиот материјализам стана и денеска важи како единствена филозофија на напредната човечка мисла и на напредните општествени сили, додека отпадоците од филозофскиот идеализам се филозофија на општествениот распад или на крајната реакција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Истата споредба важи за дивата свиња и мамутот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Татко ми важеше за мошне информиран човек.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Потоа, дека истото важело и за сијалиците кои јас не сум ги гасела, како што до премногу доцна не сум ја гасела и сијалицата во собата каде што спиев.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Еднакво важела за сите истополови сексуални актери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова важи и тогаш кога, како што често се случува, еден ист настан треба да биде изменет до непрепознавање и по неколку пати во една година.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да се важеше, претпоставувам дека сите ние би биле Казанови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бев голем застапник на брзото потпишување на Договорот за Светската трговска организација, под услов тој да важи во целиот свет и да предвидува компензациони мерки.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќе собираме стари хартии и шишиња, ќе ги продаваме во Отпадот и парите ќе ѝ ги носиме на Бабата, важи?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Единствено дополнување кое овде е важно од аспект на работничките права е тоа во измената од 2013 година каде се менува ст. 5 од чл. 9 на ЗАПВ и како еден од условите за престанување на важењето на лиценцата на агенцијата и нејзиното бришење од регистарот на агенции за привремени вработувања се наведува дека „ако на работниците со кои агенцијата за привремени вработувања склучила договори за вработување не им исплатила плата и уплатила придонеси од плата над три месеци, а за тоа не го известила инспекторот на трудот или платата не ја исплатува, согласно со закон, колективен договор, договорот за отстапување на работник и договорот за вработување.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со тоа сите поранешни договори и спогодби заклучени од страна на Србија со балканските држави за поделба на Македонија престануваат да важат, а српската пропаганда во Македонија, најчесто во сојужништво со грчката и во дослух со Турците поведува остра борба против „бугарштината“, а за србизирање, односно грцизирање на Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)