валјак м.

валјак (м.)

Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чувствуваше дека младоста ѝ беше згазена под патријархалниот валјак на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега, листот воврен во валјакот не беше празен, на него гледам црни редови во низа, се влечат надолу еден по друг, треперат црно и болскотно, како што треперат ѕвездите на небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред мене, без намерно да вртам поглед, ја видов машината за пишување и во валјакот воврен листот хартија на кој стоеше напишана онаа реченица: „Има нешто жестоко...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Целото големо знаење што го има (вклучувајќи го тука и она побизарното, што така фино го отсликува неговиот маниристички сензибилитет: за разни детски игри, пагански обреди, необични симетрии, јазични игри...) на Гринавеј како да му служи само за да го здроби под валјакот на своите моќно апокалиптички филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во валјакот стоеше празниот лист хартија, без збор на него и, немоќен, го завртив два-три пати напред назад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Треба да стапиме во контакт со Грегори за валјакот“, тој му рече на својот брат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А пред тоа, на лотарија извлекоа неколку луѓе, им дадоа средство за повраќање за да се исповратат на валјакот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој ги знае напамет телефонските броеви на кои одговараат луѓето, кои имаат булдожери, талпи, валјаци, дробилки, камиони, и работат со нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)