вдише св.

вдише (св.)

Исправуваат грб, бришат пот и длабоко вдишуваат утрински воздух.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само во твоите прегратки наоѓав сила да се разбудам и да вдишам од свежиот зрак на новото утро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој ја вдишуваше прељубата и таа му беше понудена да ја јаде на послужавник.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Совет: Ризикот останува, но нема причина за грижа сѐ додека избегнувате аеросоли, бензин за запалки и течности за чистење; никогаш не вдишувајте со пластична вреќа преку глава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Човекот со него ја вдишува убавината на пролетното чудо и глувиот виеж на нејзината тага.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На секое разминување умира и плачот и смеата во мене, не се смеам а ниту плачам, само полека вдишувам и издишувам, од мирисот на нашите цветови.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Вдишува длабоко и полека испушта смрдлив чад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Моите симптоми се вдишувањето и издишувањето, во кое се борам за воздух...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тој е околу нас, го вдишуваме како воздух, живее со нас како наше секојдневие, од грдо се претвара во убаво, од карикатура станува естетска норма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вдиша по третпат. Овој пат го почувствува мирисот на кошулчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека си ја подготвуваше вечерата, устата му се полнеше со вода, а носот се ширеше, вдишувајќи ја пријатната миризба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Убаво е да се вдишува воздухот и добро е да се чувствува сонцето со кожата, како со својата топлина продира сѐ подлабоко, и добро е да се чувствува градбата на костурот, прекрасната конструкција скриена длабоко во топлото месо, и добро е да се чујат гласови многу почисти и многу побрзи од оние во каменените длабини на бунарот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И додека ја вдишувавме и ја голтавме сладината, таа од џебот ја извади сојката со сиџим врзана за појас, ја пресече тиквата на фаши, парче отсечуваше и парчето секому му го подаваше со рака.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не успевам Се обидувам да создадам нови спомени, да зачекорам по некоја нова улица, да допрам нечии други раце, да бакнувам други усни, да вдишам нечиј друг воздух... но не успевам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ејдос, идеја Го ставив срцето на твојот проѕирен стомак морски стомак пред породување го наслушнав плодот и длабоко вдишив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе