веб-страница (ж.)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пресудата, во рок од два дена од денот на нејзиното писмено изработување и потпишување, се објавува на веб-страницата на судот на начин определен со закон (чл. 326, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)