вести несв.
вест ж.

вести (несв.)

В сенчести гранчиња тука кукајца се вести штом пролет ќе наближи само, таговно в пресрет и кука.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ги разуверуваше своите сестри и браќа да не заминуваат од езерската земја откако се поставија границите кога се вестеше крајот на османското царство.
„Граница“ од Луан Старова
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, сѐ до Атина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сигурно сега соновите им беа споени и во нив заедно ги следеа јагулите на долгиот пат, пред денот што се вестеше со новите неизвесности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само Севишниот знае какви времиња се вестат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Езерото е како никогаш мирно. Се вести бурата што ја предвидува Кољо! - рече Татко, затворајќи ги ширум отворените прозорци од Мајка за да се проветреат книгите, како што велеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
3. Сега се отвора патот и извишува со фиданката пробудена на биднината кон ведрината на летот што пролетта на светот ја вести Така се пројаснува просторот на ослободениот збор зад себе што го остава невиделото заради видело друго што веќе во далечина се раѓа
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Времето пак се вознемири. Се вестеше бура.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пекол, пекол се вестеше. Кутрите ние, кутрите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму во меандрите на тишината ги наслушуваше заканите кои се вестеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие, дванаесетмината му беа верни на водачот и во негово име викаа и вестеа по селата ниту еден Македонец, ниту една Македонка да не остане надвор од стројот. И така би!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)