ветеринар м.
ветеринарен прид.

ветеринар (м.)

Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кучињата ги прегледуваше ветеринар, откриваше од што боледуваат и им даваше соодветни лекарства, враќајќи им го расположението и живоста во нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Докторите во нас го гледаа она што ветеринарите во нас не го гледаат.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ветеринарот, стрпливо и грижливо како мајка, им ги отстрануваше неволите и им ја враќаше вообичаената кучешка палавост.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Нејзе ѝ треба ветеринар, вели кондуктерот, марвен лекар ѝ треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тие денови од фронтот се врати и ветеринарот Скрез; им ја фрлил на Французите бугарска пушка и се предал.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Луѓето поминуваат и заминуваат по своите работи, ме поздравуваат, но не се радуваат, имаат прашален изглед, како нешто во врска со мене да не им е јасно: Што барам јас овде, не сум ни шумар, ни ветеринар!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еднаш неделно ветеринарот Скрез ги собираше луѓето на средсело и им покажуваше нагледно со бикот како треба да се врзуваат кравите и каква положба треба да имаат за да можат што подобро да се спарат со бикот и што подобро да се оплодат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Директорката, ветеринар, ми вели: Гледај, тој се вљуби во тебе на прв поглед!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На татко ми му беше полесно да влијае при определувањето на нашите струки, пред сè да бидеме лекари, ветеринари, медицински кадар, но нему не му беше лесно да нè одбрани од налетите на идеологијата, партијата, власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оној надрилекар од ветеринар ни покажа погрешен пат.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)