вилица ж.

вилица (ж.)

Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе требе да го изговорам твоето име позајми ми ги вилиците.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Чул дедо дека сум дошла и ете го со прелапнати вилици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тропањето се повторува и татко запира да ги мрда вилиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коле замислено ја искриви вилицата, постоја малку и рече: - Никого. - Ич?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но тоа човече измесено од смола, влакна и болежлива пакост на вечно понижено суштество, сѐ уште покажуваше кон домаќинот додека по трепетливата вилица му се цедеа крвави лиги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под малото уво спојот на квадртната вилица беше ниско паднат како да сакаше да ја пробие кожата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги тресеме вилиците и си укаме во рацете, си дуваме да ни се пуштат прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
На пладне се редиме на казанот: си го гледаме тилот и кирта на јаките, мрдањето на ушите и вилиците што џвакаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вдлабнатите очи му гореа под веѓите, кои личеа на стреи, коцкестата брада со расцеп му беше издадена нанапред, а кожата на безмесните вилици му беше цврсто оптегната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ХЕРЦОГ: А што ако е педантен, циничен Германец со два демонски заба на горната вилица?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Држејќи му ја долната вилица со левата рака му ја искривил главата и му го побарал гркланот со врвот на ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долната вилица никаде им ја нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се фатиш да се обришеш, кожата в раце ќе си ја најдеш, на голи вилици ќе останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак ни свети. За да ги гледаме кучињата со подзинати вилици, со истечени очи меѓу згурата коски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш неговите вилици го испуштија глушецот со еден вид промислена индиферентност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Убави се додека се меки. Но кога ќе се стврднат, само волчи вилици се за нив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ги гризат и корите од дрвјата, ги разрануваат непцата и вилиците, плачат глуво и насуво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеше само уште да ги гледа сите оние букови трупци, наредени во карма до тезговиот, готови да го заземат местото на оној пред бичкијата, како и целата таа просторија да имаше стеганати вилици како него, застанат во нејзината средина, уште еден ненужен дел, отповеќен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе