виножито (ср.)
Водоскокот ја распрскуваше водата во вистински воден прав, низ кој сонцето ги прекршуваше своите зраци во сите бои на виножито.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Едно румено и шушкаво небо е под моите прсти и сепак не сум ни виножито ни облак да копнеам по небо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
По тревата плиска пролетниот дожд во здрачно виножито.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се мешаа светлината на водата со светлината на небото. Виножито се покажа на небесната шир.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По дожд везден чека виножито да јавне.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Виножито од бои и широк мирисен спектар.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сончевото време прскаше насекаде зраци на виножито...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ќе се спружам на студените плочи, ќе станам виножито на замрзнат смок.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе дојде само времето на нивниот татнеж виножитото на коренот што го шири.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Еве ти уште еден пример. Си видел ли некогаш месечина околу која се протега кружно виножито, кружен спектар од бои во различни слоеви светлина?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Небаре запалени виножита се тркалаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во таа соба се случуваа настаните врзани за виолетовата боја од виножитото во водите на Тиса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тресна во ѕид. Падна на подот и видот му се врати. Виножитата исчезнаа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ќе се протегнам ко оној облак од огнови и од виножито за да го заграбам името твое но дали само во името злоста е?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во спектарот од виножитото, го присадив питомиот насмев.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)