вклопи св.

вклопи (св.)

Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ние сме во такво развиено опкружување со кое мора да се вклопиме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мислев дека нема да можам да се вклопам во тажниов настан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој беше вистински шраф на големата машинерија на механизмот на владеењето во кој јас со мојот наивен ентузијазам можев да се вклопам засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А ни името не ми се вклопува во парискиот надреалистички контекст.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како да сакаат да се вклопат во општото расположение, ракетните бомби сега убиваа поголем број луѓе од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби немаше сфатено, но со своето однесување тој идеално се вклопи во потрагата по задачи со кои требаше да се нагрби уметноста за да биде корисно употребена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ние не се вклопуваме во неговите теории.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тивката музика од музичарот на клавир совршено се вклопуваше во амбиентот, а персоналот кој ни се претстави кога започнавме со вечерата, сите беа доктори по кулинарство, со искуство стекнато во најреномирани светски ресторани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дечко ми не ми олесни многу, освен што ме вклопи со мајка му кога ми кажа дека таа е психијатар. Тоа некако ми влезе под кожа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тато Петре ја крена Мими на раменици, како што тоа го сторија многумина татковци, убаво гледаше и се вклопуваше во секоја иницијатива што одекнуваше откај бината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во епохата на револуцијата, употребата на странските зборови добро вклопени во рускиот јазик се сметаше за едно од главните обележја на јазичната слобода којашто спонтано се наложуваше, се создаваа редица неологизми, превладуваше плакетарскиот и телеграфски стил, се создаваше своевиден пролетерски израз на јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ова сознание убаво се вклопуваше во неговата занесна природа кога, не можејќи да најде брза и логична разврска за настаните со кои немоќно се соочуваше, па прибегнуваше кон метафизички размисли.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Заедно со остатоците од дневната светлина пред очи ми заигрува слика на палми кои се нишаат во ритамот на возот, совршено вклопувајќи се во пејсажот и зајдисонцето.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Повеќе