владика м.

владика (м.)

Но таква услуга со српски владици сакаа да ни укажат и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако се заколнавме и рака му бакнавме на владиката кој стоеше пред излезот од црковниот двор, тргнавме да си одиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Европа и Русија настојуваа да се изработи план за реформи во Македонија и во 1882 година тој план беше веќе готов и ќе се настојуваше да се воведе, кога „новиот политички фактор на Балканот” го кажува своето вето и наместо реформи – сака за Македонија бугарски владици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наместо микрофон владиката држеше корнет во десната рака.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бугарите ни кладоа владици во Македонија; имајте на ум оти тие владици во повеќето случаи и на најважните места се Бугари, а не Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
На Бина му беа малку пет лири и ја изнесе работата дури до владиката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кладоа тие неколку владици и отворија неколку трговски агентства, го поддржаа со пари востанието во Македонија и прехранија во Бугарија мнозина, обездомени Македонци избегани во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Бирмингем ворстерскиот владика направи во црквата молебен за спасението на македонските христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Германците беа изненадени кога владиката ги поздрави.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И затоа треба да ги разберете дојденците од Македонија Кога севезден се молат Господ веќе да не им испраќа Терсене попови и тужибаби и уште потерсене владики
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Преку владиците Бугарите сакаат да истребат сѐ што не им е пријатно, а најмногу црковно-општинската самоуправа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Лерин бијат камбаните, а владиката, завршувајќи ја панихидата, рече: „Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше победа на смелоста на митрополитот, на неговата интелигентна тактика, но и на неговиот дипломатски дух, со кои, беше уверен владиката, небото ненадејно го обдари поради неговите услишени молитви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе