влева несв.

влева (несв.)

Сепак, некаде на средината се влеваа во еден и како река го продолжуваа патот губејќи се некаде зад хоризонтот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Министерството на љубовта беше единственото кое навистина влеваше страв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прегратката од моќни раце ѝ влеваше сигурност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа е единствената врска со светот. Но тоа не ти влева многу надеж.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ние бевме и дел од оваа бела материја, која во пресудното време на нашето раѓање и растење се влеваше во нас низ невидливиот поток на млекото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сензибилитетот во кого се влеваат столетието и трајноста на Рациновото пеење и мислењето и пеењето и мислењето на овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И токму затоа што не го разбира можеби во него се крие таа таинствена невидлива и сеопфатна моќ, сила која вдахнува, влева вера и доверба, окуражува, исполнува со смирување и остава надеж....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По тесната патека се влева цела врвулица – коњи, мазги, носилки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во кутрата Луда Мара се влеваат две фекалии од градската канализација, во неа ѓубре фрлаат неидентификувани лица (Доаѓаат ли од друга планета, па се неидентификувани?) па таа станала грда депонија сред градот, па дури и се заканува со ширење на заразни болести.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
IV Татко сакаше да појдеме од бистрата изворска вода која се влеваше во Езерото и која како ’рбет го означуваше патот сечејќи ја невидливата граница, што ја поставуваа и преместуваа луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Воопшто не се впушташе во заводливото преплетување на философските и литературните жанрови, кои на крајот се влеваат во струјата на „општо случување на текстот“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не можеш да си сркаш ако преку Батинечкиот поток индустрискиот отпад од Кожарата и од Алкалоид се влева во Маркова река.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во борделите се закачуваат други болештини, иако газдариците имаат пудлици и други миленичиња кои влеваат доверба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во простата и сѐ уште неизвалкана душа на овој обичен македонски селанец, токму тие непознати зборови влеваа сигурност и вера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Струга, на северниот брег, водата истекува формирајќи го Црн Дрим кој се влева во Јадранското Море.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Каде пивото се влева во Медитеранот заедно со првите капачи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Повеќе