вовче ср.

вовче (ср.)

Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Постарите браќа не можеа да му одолеат на искушението, следени од будниот поглед на Мајка, да слезат, да се наттрчуваат со вовчето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Патувањето со балканското вовче не престануваше во нашите соништа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку ли пати го забрзувавме или подзабавувавме ова вовче во тунелите на сеќавањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XXX Има едно вовче од детството кое не стигнало на својата последна станица, вовче што не престанува да се префрлува од сон во сон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За нас, ова вовче речиси беше свето зашто ни го овозможуваше враќањето во Земјата на езерата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Малото вовче кое сообраќаше на тесната железничка пруга од Струга до Скопје, во тие први повоени години, беше последната реликвија од тој вид на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вовчето патуваше по тесни пруги. И сигурно беше последната железничка реликвија на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јонче го знаат ко весело момче се дружеше често со другарот Јовче во лето во дворче се редеа вовче и секоја вечер беше авионче.
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И кога одбираше кои книги ќе ги земе, покрај постојаните, пред заминувањето со вовчето, Татко ги зеде и списите за миграциите на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јавнат од тежината на неброените санки, исповрзани со илјадници ледени вовчиња, еднаш дебелиот мраз на Леденото Езеро попушти, попукна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
По нашето последно патување, пругата плевел фати, а вовчето исчезна во заборавот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сега, во ова вовче кое чиниш го водеше самата судбина, колку и да беше управувано од Татковите мисли, Мајкиното верно око нѐ следеше сите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Семејството, сега, беше на истиот пат кој, пред многу години, го минуваше идејќи од границата, малото вовче на теснолинејката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу години подоцна, кога во родната земја, со натчовечки сили, се изгради пругата од Тирана до Поградец, односно до самата граница, се крена, од другата страна на границата, и пругата на нашето мало вовче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Патувањето траеше долго, предолго. Вовчето, мало, старо, со маки и забревтано се искачуваше по ридовите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе