воденичар м.

воденичар (м.)

Идните воденичари се собирале зад својот челник и молчеле, тој меѓутоа зачекорил со вкочанет врат и со крвава крпа околу главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Обвинети за злосторство над шеснаесетмина, за грабеж и за сокривање на оружје, шеснаесетмина несудени воденичари биле осудени на бесење, другите неколцина ги одвлекле стии без трага и без глас: судот ги казнил на сто и една година робија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Земјата полека се ослободувала од дивиот мраз кога двајца идни воденичари и посници без апостолник и без расо дошле во манастирот на светецот Никита да побараат благослов од игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И му отвара лисицата на воденичаро.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веќе неколку дни ваделе камења за оние што сакале да станат воденичари на рекичката Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воденичарот го наслушнуваше шумот на надојдената вода и ги поврзуваше своите одговори со поранешните мисли за војната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сиот е испрашен, небаре избрашнет воденичар. И обрастен е во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Долго го врзуваше опинокот; најпосле ја зеде пушката и не гледајќи во тој, во чии зеници ќе сретнеше страв и омраза, му ја стисна раката на воденичарот. - Прости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воденичарот“ ги остави камењето што ги гледаше и дојде на горниот крај од ширината, откаде се гледаше уличето по кое одеа Јован и Алекса и почна да се вртка околу друга група камења, но не ги пушти од око двајцата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме извадил синот на воденичарот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Им изградија дрвени бараки, пред кои делкаа камења, беа бели како воденичари од камениот прав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ами, утре? се зачуди воденичарот оставајќи ги гранките. - А ќе можеш ли? - Сполај ти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе го побараме котлето на покојниот воденичар дедо Велјана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Плашејќи се за неговиот живот, стариот воденичар цело време не излезе до воденицата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воденичарот" ги разгледа камењето, ама виде и луѓето каде влегоа и, веднаш по нив и тој помина горе по уличето, убаво запомнувајќи ја искршената порта од Алимасковци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сапуницата му се сушеше на лицето - еве го, сипаничав воденичар! - само нешто во него е темно: попот се нишаше по својата сенка додека помеѓу кусите ногавици и чевлите со излижани топуци блескаше голо и бело месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе