возраст (ж.)
На возраст кога другите деца почнувале да ги учат игрите, тој почнал да компонира, без сомнение принуден на тоа од својот татко.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Не знам колку оваа нејзина умешност беше резултат на нејзината возраст а колку на премрежијата низ кои беше минала.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Строг, дисциплиниран, конзервативен до срцевината и на возраст од над шеесет години, тој останал доследен на своите ставови.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во истата возраст веќе ја исправи на ковчегот да меси буле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Луѓето на моја возраст не знаат ништо за тие денови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се отвораме спрема играчките на четириесет
години возраст.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На триесет и петгодишна возраст тој штотуку и неволно беше отпишан од Младинската лига, а пред да влезе во Младинската лига, успеал да остане во Шпионите една година преку староста предвидена со статутот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Продажбата на пијалак на лица на одредена возраст своевремено се разликуваше од држава до држава, но сојузната власт ги примора сите држави да не продаваат алкохол на помлади од дваесет и една година.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На фотографијата бев јас на дванаесетгодишна возраст.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На говорницата излезе претставникот од Заводот за здравствена заштита, докторка на средна возраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се вели дека на десетгодишна возраст напишал кантата во спомен на еден семеен пријател од Англија, кој починал рано, во 1781 година.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На тригодишна возраст другарот Огилви ги отфрлил сите играчки освен еден барабан, еден митралез и еден модел на хеликоптер.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Моцарт, на четиринаесетгодишна возраст, во Мантова, на неговата втора турнеја во Италија, импровизирал соната и фуга на јавен концерт, освојувајќи ги воодушените Италијанци, а таквите изведби тој често ги повторувал подоцна.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Годинава црквата ја празнува 700-годишнината на најпознатиот хор во Германија, составен од членови на возраст од 8 до 18 години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На триесет и пет годишна возраст тој веќе таложеше сало на вратот и околу половината, но неговите движења беа отсечни и младешки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)