воспева (несв.)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
ЈАКОВ: Наместо да ја воспевате, сега ја стварате слободата на лице место. Поету знај го својот долг.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Признанието на практичарите звучи сосем поинаку одошто официјалното воспевање на убавините на „организираниот капитализам“ од страна на неговите апологети од типот на Шулце-Геверниц, Лифман и ним сличните „теоретичари“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)