восприми (св.)
Кога една страна или една фаза од уметност треба да биде восприемена, нови и потешки проблеми постојано се појавуваат, проблеми чие разјаснување може да биде постигнато со повисок развој на способностите.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Главните елементи на јазикот или човековиот говор се: органите за говор, нивното физиолошко работење, слухот, психолошкото воспримање на физиолошкото работење на органите преку слухот и присоединувањето кон восприманиот резултат на физиолошкото работење на органите на говорот или гласот или зборот, некое значење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Престана да размислува, го притаи здивот, ги изостри сетилата со цел шумовите да ги восприеми како гласови, да ги поврзе во зборови, во реченици...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)