впрочем мод.

впрочем (мод.)

Впрочем јас воопшто не ѝ пријдов на девојката што ја спомнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем, како што ми се врекна, со кој успех сум можела јас да се презентирам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Впрочем место вдовица можев да бидам девојка!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Впрочем јас сега ги гледам и согледувам одговорите на клучните животни прашања.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Впрочем некој ако држи в рака покана, тогаш тој се здобил со правата што во неа се пропишани.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Впрочем ти самиот сношти побара да останеш надвор од сева работа?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Впрочем оваа прикаска сепак, имаше продолжение што ќе ја исцели. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Впрочем, откога Борко се фатил со учењето и со студиите, а потоа со кариерата, веќе одвај да можеле да се видат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Овие анонимни приврзаници на нивното дело, впрочем и ја спасија колекцијата на примероците од драгоцената флора и фауна на Езерото, во тие тешки времиња, кога за збор глава се губеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Впрочем оттука поминуваше и патот за престолнината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем кусото време беше влогот за успех.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Впрочем, кој би рекол дека куклите и сите други играчки имаат каков било страв!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Впрочем со поетите и писателите секогаш е така Цел живот сите ги гледаат како џуџести брези А кога ќе умрат ќе се види дека биле бабачки како секвои Секвоите галиба први рекоа Едно сонување еден век А за Дикенс и научно е утврдено Дека ја откри обратнопропорционалноста на сонот и јавето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И од работа побарала подолго отсуство. А впрочем, курсот по антропологија што го држи на Универзитетот, и онака веќе го заокружила.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе