врви несв.
врвица ж.

врви (несв.)

Врвиме меѓу ќелиите, долапите, и кашламе за да нѐ чујат другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го држат така расчекорен, пилата му врви меѓу нозете, му се доближува кон ципите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ми врви низ главата, ништо не ми застанува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Времето врвеше. Желбата за дете сѐ повеќе растеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Врвејќи крај ѕидот, се видов мигум во огледалото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа моментално истрпна и се уплаши да не врви некој по улицата да ја види, но во мракот и да врвеше некој, немаше да познае дали е таа или мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но не спомна која патека низ срцето врви и каква река тече таму и кој дивеч доаѓа на поило.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еј, жени, женшини, вика еден логораш, а цела ордија луѓе врви преку него, го гази човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја ставам картата на сувата трева до мене и со показалецот врвам по неа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Учителката врвеше од клупа до клупа и ги разгледуваше цртежите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нешто млако ми врви меѓу прстите и ми ги залепува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Деновите си врват. Не можам да зборувам дека ќе сторам вака, или ќе сторам така, па натаму „ќе видиме“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега засега добро им врви на новите дами, иако нашите редовно губат на сите првенства.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Наеднаш, тие излегуваат на патот по кој врви писателската фела и прават гужва во сообраќајот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Така да ми врви сѐ низ магли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе