врховен прид.

врховен (прид.)

А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховниот суд на РМ ја врши судската власт на целата територија на Републиката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
68. Во 1894 год. во Цариград беше извршено масовно клање на Ерменците што предизвика бурна реакција во Европа, а исто така тоа беше искористено во Бугарија за организирање митинзи за Македонија што беа вешто експлоатирани од бугарската влада, по кои дојде и образувањето на Врховниот македонски комитет и неговото „востание” (1895)
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во значителна мера компромитиран, Сарафов не можел да остане повеќе на чело на Врховниот комитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа вдахновено проповедај: едното е поделено на безброј цареви и арлекини скрбни и среќни нееднаквоста е врховно начело на Целоста, универзумот луминозен сферичен, фокусиран нематеријално материјален а ти кој посматраш, сфаќаш: генијот е разорна будност на супстанцата ѕвезден јазол на белузлавото јајце знак за дослух меѓу телесата данте, шекспир – параболи!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Врховниот комитет во Софија се стави под претседателството на ген.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
После изрекувањето на конечната одлука од страна на Врховниот суд на РМ, на работодавачот НУЦК – Битола му беше наложено, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена, да го врати Митревски на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Отишол и во Врховниот комитет, каде што Сарафов го прифатил неговото сфаќање за опасноста што ја криело револуционерното движење на Македонија за интересите на великобугарската кауза во Македонија и му ветил дека Комитетот ќе направи сѐ за да се постигне „согласност" со Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со донесените одлуки АСНОМ се конституирал во Врховно, законодавно и извршно тело, а Македонија стана државно-правен субјект и рамноправна федерална единица на Демократска Федеративна Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Затоа ние го преземаме претседателството на Републиката и врховната команда на армијата Револуционерната музика која беше во фонот на прогласот, откако тој завршува, повторно надвладува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сарафов, како претседател на Врховниот комитет во Софија работеше сосем не сообразувајќи се со бугарската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховниот суд, во рок од осум дена од донесувањето на правосилното решение, решението го доставува до Судскиот буџетски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како реакција на ова, тие покренаа ревизија пред Врховниот суд на РМ,5 како вонреден правен лек и конечно – дури во трет и последен степен, успеаја да го добијат спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе