вршен м.

вршен (м.)

4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она што го нагласува Божиновски е дека, низ сите овие процеси, нему бил вршен отворен притисок и бил уценуван од страна на компанијата, за делот од средствата со кои компанијата – во негово име – купила акции од матичната компанија QBE Австралија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овде се вршени големи зулуми со злоупотреба на Божјиот авторитет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговата посета имала за цел да го испита пулсот на балканските земји спрема Германија и да ја согледа можноста за сузбивање на експанзионистичкото германско влијание на Балканот, како и евентуалното убедување на балканските земји да се спротивстават на германската и италијанската експанзија, со што би го намалиле воениот притисок кој бил вршен од страна на Германија врз Велика Британија, а исто така неговото присуство имало за цел да испита дали се можни јакнењето и престижот на САД на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)