вселенски прид.

вселенски (прид.)

Дома доживуваме научнофантастична инвазија: Вселенскиот брод се сместува во дневната соба и се наметнува чувството дека се наоѓате на виртуелно патување низ вселената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Замислуваше како некоја ракета, некој вселенски брод би можел да стаса од Земјата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Особено Патријаршијата, како установа вселенска, треба да престане да постапува како установа со грчки карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој си има еден вселенски знак, еден зодијак. И тој го управува него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа беше бродот на мојот татко што минуваше над нашиот град, гратчето кадешто вселенските ракети никогаш не доаѓаа, и ние ќе лежевме будни следните два часа, размислувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вселенскиот ракетодром беше празен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кој знае не ли ќе се сретнат еднаш тие на вселенска журка, на која Сатурн и Венера ќе пеат своја песна: Сонцето ум изгубило и се заљубило!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја познаваше темнината и чувството на паѓање низ вселенскиот простор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Синовите на Гури Порадеци, со различна среќа му се препуштија на бизнисот, а најмалиот стигна да стане и член на посадата на еден вселенски брод на НАСА, што кружел околу планетата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Дали можете да дојдете ваму?“ „ШТО?“ „Мораме да го поправиме нашиот вселенски брод. Досегашниот лет нѐ премори. Ќе можете ли да ни помогнете?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да висат слободно, васеленски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од него се сочувани до денес некои поважни објекти, но сепак опстојува како центар на православието на чело со свој Вселенски Патријарх. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Спиј, ќерко вселенска, сонувај заслужено.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Космос. Значи древно македонските астрономи, со овој поим ја изразиле четвртата димензија на нашата галаксија, вселенскиот простор.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вселенскиот брод би можел да стаса и да нѐ спаси.” „Да, утре, утре, утре, утре, утре.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вселенските империи, сагите за борбата за власт меѓу цивилизациите и гламурозните вселенски бродови беа заменети со прецизно синтетизиран универзум на злоба и насилство, кадешто секојдневието се состои од wirehead киборзи (полулуѓе, полумашини, зависници од електрошокови), електронски пирати, бескрупулозни pusher-и (продавачи на дрога), полиморфни перверзни ликови и други карактери што живеат на рабовите на hi-tech (високо технолошко развиеното) општество.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој град требаше да биде машина за мерење, лакмус, антена што ќе ги провери сите идни вселенски патници што ќе дојдат овде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе