вљуби св.

вљуби (св.)

Се вљуби во буквите и во зборовите и сега ти ќе го носиш и нивниот крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го обесил пиштолот на клинец и до зулуфите се вљубил.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ќе копнеам по твоите очи и ќе верувам во едно среќно вљубување , затоа што вистинската љубов си го наоѓа патот кој води до саканите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нека сонуваат, нека растат вљубувајќи се во светлосниот насмев и зареч новогодишен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги видов и модрите рани од приборот за јадење, забраните за непрактични вљубувања, прередувањата на Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштата, натоварувањата на Бабите со тешки товари врз корпата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Навистина се вљуби во него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Доста е сѐ е вљубено до коска и никој никого нека нема сам секој своето нека го довреболи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Свртен во профил, очите во кои некогаш се вљубив и за кои порано мислев дека се зелени, одеднаш ми се видоа жолти како очите на мачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„А во кого ќе се вљубиш сега” следуваше сериозната зачуденост што можеби најјасно ја отсликуваше нивната загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сети и на Маре, тогаш најубавата матурантка на генерацијата, како се вљуби во еден млад мустаклија офицер, кој излегуваше на корзото во нова кноевска униформа и го носеше своето друштво на игранки во Офицерскиот дом.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас, потпрен врз неколку букви Гледам спокојно од нив ноќта како резбари крст И како полека се вљубувам во неговиот древен јазик Единствен на светот само со идно време.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Имено, откако на писателот на контроверзната пиеса за љубовта со козата, му кажале дека на Балканот не е чудно човек да се вљуби во коза, овој ревнал од радост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ЛУКОВ: Што слушам? Треба ли ова да го разберам како знак дека господинот почнал да се вљубува?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога бев вљубена првпат, вторпат, којзнае којпат по ред (а се влубував на пола час, силно, страсно... и ми поминуваше!), и тогаш скокав до кај другарка ми за да ѝ се доверам дека, ете, пак сум вљубена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го зедов писмото – во него објаснуваше зошто го сторила она што го сторила: се вљубила во оженет офицер, останала трудна од него, тој ѝ рекол дека нема да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вљубив. Човекот во кого се вљубив не ме сакаше. Ми рече да се чистам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе