гавранов (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца.  „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зад третата дабова шумичка отаде непуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата превецерна песна на Бадник е песна на смртта.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене:  Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
        
      
    
    
    
      „Пупи Паф во Шумшул град“
         од Славко Јаневски 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Јуначиште бил дедото, со убави мустаќи, не помали од крила гавранови.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зад третата дабова шумичка, отаден напуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата предвечерна песна на Бадник е песна на смртта. Тешко дека тоа ќе е така.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)