гади (несв.)

Ти се гади? Симптом на труење од хипокризија во контаминираниот простор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
По сѐ изгледа стануваше збор за црвец бидејќи старецот рече дека му се гади од суштества без опаш и без глава.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку му рече и побегна од него како да му се гади да го гледа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ми се гади од позадината на сето тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади што не го правам тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од диви и питоми животни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа просто се гадеше од самото име Македонија исто како Евреин шо се гади од Палестинец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од човечка мудрост и практична примена... ми се гади од здрава исхрана, од сиромаштија и богатство секакво и од секој вид.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И така беше сум зборувала, којзнае уште што не сум зборувала, сум ја гадела устата и за господа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се гади од математика и нејзината немоќ да ја пресмета веројатноста да се родев на друго место во друго време, да не бев јас јас, да не ми се гадеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од симболизам и метафори, скриено значење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од себеси. Смачено ми е.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади што нема ништо од ова гадење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ми се гади од индустриска револуција, од смртта на земјоделието, ми се гади од ресторани, хотели, трпезарии и келнери.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од полнотија на празнината, од скриени жарчиња и потиснување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вашиот кукавичлак ми се гади. Рацете горе!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како второ: ако посакам слатко и убаво да се истегнам под зраците на топлото сонце, ниеден младич нема да ми побара исполнување на желбата да води љубов со женска од која потоа нема да му се гади.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе