гаража ж.

гаража (ж.)

Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кој ти поднесе тужба за гаражата?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едо знаеше што ѝ е на колата уште кога муштеријата со неа ќе застанеше пред гаражата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гараж–сеил – у превод ”бувљак пред шупа”. Се организира со цел да се отарасиш од ствари што не ти требаат или не ѝ се свиѓаат на жена ти.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Гаражата на Трендафил во која ги поправаше автомобилите одамна има нов лик.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред да излезе од гаражата, Едо го отвори куферчето и од него го извади пасошот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Осоколен од помислата, стана, ја извади колата од гаражата и за десетина минути се најде на половина пат до детското одморалиште „Киро Дандаро“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
До септември... Ќе живее тука во одајчето над гаражата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Навстина, тој е присутен секаде поради автомобилските сирени, писоците на локомотивите, брмчењето на колите пред гаражите, пред паркинг - плацевите, чкртањето на трамваите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поправениот „јагуар“ спремен за возење стои во гаражата неупотребен. Таму е од октомври.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајсторот Ратко во гаражата држеше ситни делови за коли – свеќички, платини, четкички, лампи, осигурувачи, ремење и слично и нешто галантерија како спрејови за чистење, полир-пасти, мали пакувања бои за замачкување на разни гребнатини и други такви работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Воздухот во Лос Ангелос ја потсетуваше што им се случува на децата во привремени дом-семејства приквечерина кога ќе се соблечат, ја потсетуваше на нештата кои се прават со јажиња и парчиња метал во доградени бетонски гаражи додека автопатот ита во позадината како евтина музичка тема.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едо, пикајќи ги парите во џебот, рече: „Ќе влезам малку во гаражата.“ „По куферчето и палтото?“, рече Ратко кој пред да затвори го забележа и се исчудуваше зошто се тука тоа куферче и тоа палто оставени во гаражата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во Париз тој работи десетина години во една гаража, односно во сервисот на „Симка“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред гаражата СТОЈАДИН со смачкана лева предница и скршено предно стакло.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе