гестикулација ж.

гестикулација (ж.)

На друга страна, ги мрзел сите оние што себе си се сметале за авторитети и во своите односи употребувале помпезни пози или гестикулации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И имајте на ум дека гестикулацијата е составен дел на секој дијалог.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаат да ја ценат убавината, доминацијата, фраерската гестикулација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Следната, т.е. интелектуалната страст следува при тој разговор, односно, ако наидеме на добра снаодливост во одговорите, добра гестикулација и фацијална експресија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие ги поттикнуваат индивидуите да го прифатат своето сопствено потчинување, да комуницираат со своите сопствени животи преку техниките на моќ кои ги обликуваат, дури и нивните тела и гестикулации, според одредени “вистини”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во согласност со Фуко (1979), практиките на овој облик на моќ навлегуваат и ги фабрикуваат животите на индивидуите на најдлабоките нивоа - вклучувајќи ги нивните гестикулации, желби, обликот на телото, навиките, и т.н. - и тој ги споредува овие практики со некој вид на „дресура“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мајка да ни бидеш, да нѐ покараш кога ќе грешиме и да нѐ поучиш. {со умилна гестикулација). Ќе дојдеш ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)