гиба несв.

гиба (несв.)

Не се гибам со луѓето, не се кажувам, туку само подголтнувам како човек што си ја загубил адресата за дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така легнат, со пушката до мене (секогаш носев пушка, Турците мене не ме гибаа) и зедов да нишанам, онака, од бес, неодредено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој не го гиба девојчето туку скока на бабата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ти тогаш шепотеше „Не гибајте ја вазната, таа е скршена.“
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Уште повеќе нему: дедо Геро му вети дека ќе го смири со децата и тоа така тие да признаат оти претерале што го гибале толку многу.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако сакаш цела ноќ остави ја вратата отворена и спи, никој ништо не ти гиба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Затоа јас би рекол да не ѓибаме ние вадева, ами да си прејдиме пак преку река, та шо ќе намине крај нас да си свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се гледаме и не се гибаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нему ќе му реча јас да гледа никој да не а гиба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ако послушаа за тоа да не го гибаат Мартина, тие сепак мирни не останаа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо да не ѓибате, оти Германците растуриле пари, насолени со отров, вели, и некои сатови што ќе ти пукнат в раце, и некои писалки, пиштолчиња и билии и секакви играчки што можат да те усмртат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се градиме и се гледаме со Бугарите, со војските бугарски. И дури работиме, не се ѓибаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па и вие чекајте, не гибајте го детето, не е лошо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На смеа, на шега ме гиба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не гибајте ја, вели некој, треба да видиме кон кај ќе полета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе