гладиола ж.

гладиола (ж.)

Се завиткуваат во перја на мртви птици, во мртви латици од гладиоли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали човекот... не, дали ти пиеше зошто си несреќен? Или крчмите те сторија несреќен? Или гладиолите и маслиновите стебла во паркот? Кажи човеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како што спомена во една ноќ мртва птица и китка гладиоли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гладиолите ми никнале, тука погледни, меѓу розите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе го сторев тоа заради заборавениот палјачо, заради неговата истргната нога. И заради гладиолите. Ти знаеш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај, покажав. Нашите ѕвезди се на нашиот прозорец. Како гладиоли. Не, како печати.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неколку истрели плус еден и една смрт на раб на светлоста од автомобилските фарови, а само малку пред тоа Германецот го рецитираше Гете и само малку пред тоа јас мислев на гладиоли, на стебла, на роса.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заради грст гладиоли ли замавнувам со нож на некого во секој час?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гладиоли во кристал, гладиоли на дланка, гладиоли за неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)